“Долгото погребување на еден кловн” е првата збирка поезија со 37 песни од Винета Огненоска, поддржана од Министерството за култура. Младата поетеса ги создавала песните 12 години. Збирката е зрела, интимна, искрена и длабока поезија, со кондензирани пораки, читани во еден здив и долго време се паметат. Тоа навидум мирна поезија, но е крајно драматично преиспитување на љубовта, партнерството, верноста, пријателство, вознесот, мечтата – вели рецензентот Јасна Котеска. Винета Огненоска е дипломиран професор по македонска книжевност и јужнословенски книжевности.