Ракомет
После мечот дома со српската Јагодина (22-27), следи пауза во Регионалната лига и можност само за пријателски меч на Жито Прилеп. Веднаш е договорено гостување на велешки Леов бартек, денеска (17 ч.) во спортската арена “Сонце”. Откако тренер е Менде Петлески контролите зачестија, прво на гости беше совладан Б тимот на Металург (33-26), после дома Гевгелија (31-29). Неопходни се повеќе тестови. Од тренинзи нема полза. Добрите страни се усовршуваат, а слабостите се елиминираат на натпревари. И новото крило Александра Здравевска бргу ќе се врати во форма – вели Петлески. Да помине зимава и ќе биде нешто поинтересно. Во април е вклучувањето во домашниот куп и во фајнл – форот од Супер лигата. Во Регионалната лига преостануваат уште четири меча: на гости кај Металург, Раднички Белград и Заечар, дома со Бисери. Не е средена Регионалната лига. Не знаеме кој и кога е наредниот ривал. Има најави дека одиме на Металург, но после 12-13 февруари, откако ќе одигра во европскиот КПК – истакнува Петлески.