Портрети на во кафетерија

“Моменти” е тематската изложба на Дарко Талески, отворена синоќа во кафетеријата Мираж. На необичен простор уметникот изложи 15 портрети, работени во техниката акрилик на картон. На графичарот му претставува задоволство што портрети се поставени во необичен простор. Како професор во училиште, се обидува на учениците да им ја пренесе љубовта кон уметноста. Талески завршил факултет за ликовна уметност во Велико Трново, Бугарија.

Loading