Нов стопер

Корзо

Младиот Филип Николоски, есеноска отстапен од 11 Октомври на Младост Кривогаштани, е нов член на третолигашкиот лидер, Корзо. Се работи за одбранбен играч, стопер. Претходно беа доведени: голманот Христијан Сркески и бекот Иво Дамески од 11 Октомври, Виктор Велкоски од Големо Коњари, Миле Кондоски и Христијан Тодоровски од Преспа, а за играч е регистриран и тренерот Горан Тодоровски. Заминаа само двајца, голманот Настески и бекот Ристески во Победа јуниор. Имаме посилен тим од есеноска и со поддршка од градот сигурно влегуваме во втората лига – порачуваат од ФК Корзо. Управата предводена од претседателот Панде Трајчески овозможи одлични услови за подготовки. Покрај патеките на Могила, фитнес сала, се користи и салата “Македонија”. Се закажуваат пријателски, а најатрактивна е со Пелистер на 15 февруари. Во средината од март стартува првенството од Третата лига – Југ.

Loading