Момче си ја уби девојката во Прилеп

Истражен судија од прилепскиот суд му определи 30 дена притвор на Даниел К. (27), осомничен за убиството на девојката Ангела Димоска (19), откако обвинителството против него поднесе барање за истрага за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали. Осомничениот рекол дека не е во состојба да зборува. Даниел К. во својот семеен дом ја убил 18 годишната девојка, додека татко му спиел во другата соба. Според полицијата, убиецот сам се пријавил и изјавил дека убиството се случило ненамерно. Според првичната информација, било утврдено дека во девојката било пукано одблиску, оти куршумот влегол од десната страна и останал во главата. Портпаролот на СВР Битола Ѓоко Стрезовски рече дека Д.К. сам пријавил дека ја убил девојката Ангела Димоска, (19), при нестручно ракување со пиштол, кој го поседувал без дозвола, а кој полицијата го нашла во станот на улицата “Кеј 19 септември”. Гоце Јонѕоски, дежурниот лекар од брзата помош, рече дека девојката била погодена во главата од куршум и падната на каучот во вир од крв, кога брзата помош дошла во станот. Не можевме да помогнеме. Само констатиравме смрт. На телото немаше други траги на насилство – изјави Јонѕоски. Според Стрезовски, убиецот испукал куршум, со кој ја погодил девојката во главата, која починала на местото. Покрај креветот е пронајден пиштолот, со полна резерва куршуми и чаура на подот. Крај масата имало и едно празно шише од вотка. Направен е алкотест. Фолии за барутен тест се земени од татко му, од убиецот и од убиената – објасни Стрезовски. Тој не сакаше да шпекулира дали убиството било ненамерно или имало други причини. Кажа дека убиецот со девојката се забавувале во некое кафуле, по што отише во домот на Крстески. Според изјавата на убиецот, тој го извадил пиштолот од под креветот и си поигрувал на прстот, при што ненамерно истрелал куршум, кој ја погодил девојката во главата. Истрагата ќе ги открива причините и начинот на убиството – вели Стрезовски. Портпаролот соопшти дека Крстески бил забележан во крим евиденцијата на полицијата и отслужил затвор за кражби во два наврати.

Loading