Маскирани разбојници ограбиле девојка дома

Дрски маскирани разбојници ограбиле дваесет и седумгодишна девојка, откако насилно влегле во куќа на улицата “Сотка Џигиџик”, информираат од МВР. Разбојниците маскирани со капи неколку часа по полноќ насилно ја отвориле влезната врата на куќата на девојката Џ.И. и í се заканиле. Едниот ја пребарувал собата, а другиот í го одзел златното синџирче од вратот, обетките од ушите и мобилниот телефон, по што побегнале. Полицијата трага по разбојниците.

Loading