Прилеп и Кралево воспоставуваат културна соработка. Првиот чекор е со монодрамата “Јас, Илија Димоски – Шаторо” од Петар Петрески, во режија на Игор Трпче и со изложбата на слики, “Гозба” од Бојана А. Трпческа. Библиотеката ќе промовира дел од најновите изданија, а одреден број примероци книги, печатени во изминатите години, ќе бидат донирани за кралевската библиотека. Гостувањето е во соработка со Здружението на српско – македонско пријателство.