Итар Пејо и алчната анџивка

Пејо беше познат во Мариово и Прилеп како маж кого го сакаат посестримите, поради неговата, како тие велеле, машкост. Анџивката Стојна дознала оти со Пејо може да си офнува од наслада колку што си има прсти и отповеќе. Го подлажила, го втерала во аурот, го легнала на сламата и му наредила да трае додека не изофка колку што си има прсти. Пејо прашал како ќе знае колкупати е офнато. Таа му одговорила дека за секое леснење, ќе има по еден прст свиткување. Пејо, простичок и добричина, чинел како му се наредило. Нечесната и алчна анџивка го лажела. За две офкања, еден прст виткала, и го осудувала, оти не знаел да брои до десет. Пејо се сложил со нејзиниот напад и í предложил да отпочнат со прсти виткање отпочеток. Кога слушнала за предлогот се стаписала и побегнала.

Loading