Херој Прилеп со отворена врата за сите

Стрелаштво

Откако во нашиов весник објавивме информација дека новите три клуба, Стрелец, Нишан и Мета за тренинзи користат импровизирано стрелиште во Социјалниот центар, реагираа од најстариот клуб Херој Прилеп. Го нудат како решение стрелиштето во Центарот за култура, едно од трите во земјава со исполнети стандарди. Пред пет месеци контактирав со трите клуба и им реков дека нема проблем да го користат. За жал, не дојдоа да се договориме. Стрелиштето е за Прилеп и прилепчани. Без разлика што е од нашиот клуб, вратата е отворена за сите – вели Душан Качкиноски, претседател на СК Херој Прилеп. Доста се несогласувања во спортот во кој пред 10-15 години имаше големи успеси и на меѓународна сцена. Во едно стрелиште можат да се сместат и четири клуба, ако има разбирање. Еден тренинг трае два часа, а во стрелиштето цела екипа може да вежба, потоа другата. Има варијанти, само со договор. Термините не се проблем, лесно ќе се направи распоред. Исто и за трошоците, никој не бара профит и слично, туку секој да подмири колку што троши за струја, греење… Заеднички можеме објектот да го одржиме во полза на сите – истакнува Качкиноски.

Loading