Фатени криволовци на еребици

Полицијата фатила двајца ловџии во криволов на еребици при сообраќајна контрола на патот меѓу селата Сарандиново и Ропотово. Ловџиите имале три застрелани еребици во време на забрана на лов. На прилепчаните М.Т. и С.Т им биле одземени двете ловни пушки и еребиците, а полицијата најавува поднесок против криволовците. Ловечкото друштво „Мукос” го осудува немилосрдното истребување на птиците, особено поради ловот во период на ловостој и кога се потхранува дивечот. Оттаму бараат сериозни санкции да се заштити дивечот.

Loading