“Ваш избор – посигурна иднина” е новиот слоган на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. Четирите збора се полни со симболика, кратко и јасно искажувајќи го стремежот на училиштето. На конкурсот учествувале повеќе ученици, ама најдобра била творбата на Јулијана Здравеска. “Економистите” го смениле и логото. Силвија Николоска понудила модерен дизајн, што ја отсликува содржината на училиштето и перспективите. Затоа е и привлечно и предизвик да се “фрли опул или два”. За крајот на минатата година, “економистите”, направиле панаѓур со креативни продмети кои ги нуделе на сите заинтересирани. Не останало ништо непродадено на штандот, а средства ќе одат во хуманитарни цели. За ноќта на вештерките или популарно “Halloween”, англиската секција имала слична манифестација, а со собраните пари го обновиле кабинетот по англиски. Во иконографијата се британското и американското знаме, а кабинетото е опремен и со ДВД и телевизор.