На втората средба на економскиот совет, на која бизнисмените, раководителите на јавните претпријатија, членови на невладините организации и синдикатот расправале за начините за аплицирањето во ИПА фондовите, за проектот за пречистителната станица, за решавањето на проблемот со водоснабдувањето, како и за проектот ,,купи куќа – купи стан,,. Градоначалникот Марјан Ристески, кој е на чело на економскиот совет, најави дека седниците ќе се одржуваат еднаш месечно, а по потреба и дополнително, за забрзување на економски развој на општината.