До пред некој ден се жалевме на сувиот студ, а сега сме покриени со снег, како во Сибир. Народот е навикнат, па се оди кроце, со пингвински чекори, а не ретко се случува задникот да ,,бапне,, на тротоарот. Настрана проблемите што ги имаат возачите, кои возат по ,,шини,, и ,,шлајафаат,, в место. Пешаците се друга приказна. Некои девојки се на штикли, некои по патики, ,,цупкаат,, по тесното патекче кое е изринато од снег. Ама најмногу во очи паѓаат луѓето кои на ова време – невреме, тргнале со велосипед. Како ќе го возат и кои акробации ќе ги прават не е познато, ама на ум паѓаат снимките од екстремното возење на БМЏ на спортските канали.