ЈП СТУДЕНЧИЦА:
ЈП Студенчица, кое стопанисува со регионаланиот водовод испрати соопштение во кое се вели. “Поради долготрајната суша летоска и во есенскиот период од 2011 година и последните екстремно ниски темератури, дарежливоста на изворот Студенчица е намалена на само 615 л/с. Ваква ниска издашност се јавува циклично, еднаш во една деценија. Последен пат толку мал капацитет изворот имал во 2002 година, кога изнесувал 514 л/с . Расположливите количини на вода се распоредуваат за ТЕЦ Осломеј 180 л/с, Кичево 190 л/с и кон Прилеп 245 л/с. На Барбарас пристигнуваат 190 л/с, од кои на разделна градба во Дебреште, кон Крушево се издвојуваат 60 л/с кои се распределуваат на следниот начин: Дебреште 12л/с, Лажани 8 л/с, Житоше 17 л/с и 23л/с за Крушево, Норово и Алданци. Во Прилеп моментно испраќаме околу 100 – 110 л/с. Недостигот не е од вчера, туку се провлекува години наназад. За решавање на овај проблем Владата издвои средства за подобрување на водоснабдувањето на локалните самоуправи од Регионалниот водовод Студенчица. И тоа 20 милиони денари во 2009 г. и 5,7 милиони денари во 2010 г. за изградба на бунарски систем во Прилеп. Поради лошата хидролошка состојба издашноста на бунарите е намалена од предвидените 170 – 200 л/с на само 120 л/с. Со изградба на бунарите за високата зона во Прилеп во вакви кризни периоди прилепското водоснабдување би било независно од издашноста на изворот Студенчица. Треба да се напомене дека доколку претходните влади издвојувале средства, Прилеп немаше да се соочува со недостиг на вода – се вели во соопштението на ЈП Студенчица, потпишано од директорот Гоце Наќески Единствено решение се редукции од разделна градба во Дебреште на правецот кон Крушево. Од 25 јануари, од 20 часот до 8 часот редукција се врши на правецот кон Крушево и целокупната расположлива количина на вода што стигнува на Барбарас се упатува кон Прилеп.