Жолтоцрвените Ристески и Стевананџија во Ниш

Градоначалникот Марјан Ристески и пратеникот Димитар Стевананџија ја бодреа нашата ракометна репрезентација на мечот со Шведска во Ниш. “Наоружани” со транспаренти и други навивачки реквизити, обоени во жолтоцрвено руво, еуфорчно, речиси два часа, ги исвиркуваа Швеѓаните и им аплаудираа на нашите, заедно со неколкуте илјади навивачи како осми играч од трибините. Ристески и Стевананџија жалаат што не беа уште малку ветер во крилјата на македонската репрезентација на мечот со Германија и со Чешка, оти биле презафатени со работни обврски.

 

Loading