Нема фудбалски вљубеник од градов кој не се сеќава на Жесус да Силва Жилсон, Бразилецот од некогашната Победа. Во средниот ред на тимот последна полусезона играше во 2008 година. Тогаш замина и не се врати. Некои велеа дека се враќа во родниот крај, други дека е во соседните земји, Турција, Грција или Албанија. Дознавме дека уште не ја завршил кариерата. Игра во грчката Трета лига на 38 години. Не е чудно, секогаш изгледаше 10 години помлад и полн со енергија, со огромна желба. И при водство од 5-0 се лутеше и не сакаше да излезе и биде заменет. Остави печат во историјата на Победа. Жилсон дојде летото 1996 година како прв Бразилец во Македонија, заедно со Рожерио Оливеира, прерано починат 2006.