ВЕЛИЧЕСТВЕН ХРАМ КОЈ ЌЕ ЈА КРАСИ ТОЧИЛА

Црквата “Света Петка” во Точила е проектирана со основа на двоен впишан крст, два многуаголни тамбури, источна апсида и две странични апсиди на северната и јужната страна од храмот. На западната страна е проектирана припрата со два странични еднокорабни параклиси. Црквата е со димензии 22х16 м. и височина 9,3м., а највисокиот тамбур ќе е 14.5 м. Или површината за градба е 260м2. Со гранит ќе биде вкупна површина од 278 м2., и тоа за подот на параклисот, тремот, наосот, олтарот, галеријата и скалите. За покривање на црквата со керамиди проектирана е површина од 240 м2, а со бакарен лим ќе бидат покриени 95 м2. Околу црквата ќе има плоштад со зеленило на 774 м2. и гранитни плочки на 950 м2. или вкупно 1724 м2. кои ќе го украст просторот во населбата Точила.

Loading