Голманот Христијан Сркески е шестиот нов во третолигашот Корзо. Отстапен е шест месеци од прволигашот 11 Октомври. Надежен чувар е со 19 години, израснат во Победа. Есеноска беше во Силекс. Корзо претходно ги доведе: Велкоски од Големо Коњари, Кондоски и Тодоровски од Преспа, и Дамески од 11 Октомври, а за играч е регистриран и тренерот Горан Тодоровски. Тренинзите се одвиваат на Могила и во фитнес сала. Планирани се серија пријателски до март, кога од првото место на табелата се стартува во Третата лига – Југ.