Собир вторник

Кошарка

Тргнува и кошаркарскиот второлигаш Ултимејт баскет. Првиот тренинг е вторник. Тренерите Влатко Атанасоски и Сашо Костоски планираат добри подготовки за пролетниот дел од сезоната, каде тимот има реални изгледи да се бори за пласман на трето место, кое води во елитното друштво. Играчкиот кадар е непроменет. Тука се засилувањата од страна, но се повеќе се смета на домашните, најмладите. Првенството во Втората лига продолжува на 11 или 18 февруари, со мечот на гости кај Тетекс во Тетово.

Loading