Прилеп пред Втората Светска Војна е на сликава. Кој ли се чека на собирот? Која е значајната личност која треба да се поздрави? Кој се движи во поворката, меѓу шпалирот луѓе? Кој е овој дел од градот? Сигурно дека повозрасните ќе се потсетат на оваа архитектура, на ова маало, на некоја од рекичките што течат низ градот. Ќе им се вратат спомените на убавите времиња на архаичниот, а за некои, романтичниот роден град. Како и да е, на граѓаните не им биле потребни телефони, модерни аберџии, ниту интернет или фејсбук, да се соберат, да ја покажат гостољубивоста и домаќинлакот. Зашто, и пред Дуче Барабанџијата, имало некој да биде гласноговорник за повикување на градски собир.