Скулптура од мраз

Секое годишно време има свои добри и лоши страни. Лете  жежи, пот облева, на есен и на пролет врне дожд, се прават калливи патиштата, зиме студи, се лизга… Ама ако на оптимист му дадете лимон, тој од него ќе направи лимонада – вели една поговорка. Се си има своја позитивна страна. Пролетта со цвеќињата, есента со лисјата, летото со кусите ракави, а зимата со снегот. Природата секогаш е најдобар уметник, и не за џабе илјадници туристи одат на Хаваи  да ги видат ерупциите на вулканите, на Исланд за да ги видат ледените санти… А еве и во Прилеп природата направи “мини-чудо”. Изваја уметничка скулптура од мраз. Кај паркот до Судот, езерцето во кое се брцкаат пајките, скоро целото замрзнато, има дел каде од водоскокот е направено уметничко дело креирано од студот. Сликата вреди 1000 зборови, па видете ја зимата од призмата на позитивноста.

Loading