Селски деца за градска болница

Наставниот процес не е само учењето од книга, туку и воспитувањето на децата да станат примерни и личности со големи морални квалитети. Наставниците од ОУ “Кирил и Методиј” од селото Канатларци и за новогодишните празници ги поттикнувале квалитетите кај учениците. Со проектот “Биди креативен – помогни на другиот”, ги израдувале помалку среќните со имагинативни творби. Неколку ученици од Канатларци и Дупјачани со наставниците по англиски Драгица Здравеска и по ликовно Дарко Талески извеле новогодишна работилница во ОУ “Климент Охридски” со ученици со посебни потреби. Спонзорирани од конфекцијата Тила, однесле рачно изработени подароци во детското одделение во Болницата.

Loading