Повеќе општински пари за култура

Повеќе пари или 13 милиони денари во 2012 година се одделени во општинскиот буџет за културни настани. Најмногу се за Пиво фестот, кој годинава ќе се одржи по 10-ти  јубилеен пат, потоа за карневалот Прочка и за МТФ “Војдан Чернодрински”. Нема да бидат заборавени ни фестивалот “Пеце Атанасоски”, ликовните колонии, а денари ќе се потрошат и за прославувањето на празниците 11 – ти Октомври, Трети ноември и Свети Никола. Од општината посочуваат дека сé што е во интерес на градот од културен аспект ќе биде финансиски поддржано за презентација на градот како културна и туристичка дестинација.

Loading