Народната медицина кај Македонците, е проектот на Институтот за старословенска култура, кој ја истражува народната култура, народната медицина. Раководител е д-р Владимир Караџоски. Ги истражуваме традиционалните и современи верувања, обичаите и дејствата поврзани со здравјето и различните видови и начини на заштита и лечење – вели д-р Караџоски. Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука, а соработници се д-р Ели Милошеска, виш научен соработник Јелена Светиева и д-р Танас Вражиновски. Караџоски вели дек истражувањата се вршат низ Македонија, затоа што здравјето не претставува само физичка благосостојба, туку и високо општествено самочувство, кое произлегува од свеста за сопствената вредност и позитивните оценки на околината. Да се биде здрав и силен, значи да се биде способен за секојдневен физички напор и работа. Тоа е амбиција на секој човек. Здравјето и силата означуваат отворена животна кариера. Затоа не се гледа на болеста како на лична болка, која е интимна работа на болниот, туку како на општествено зло. Затое е разбирлива големата чувствителност во однос на маката од болести и физичката нерасположеност. Општествена цел е да се дојде до веродостојни и автентични сознанија за степенот на застапеност на народните верувањата, обичаите и дејствата во народната медицина, присутни во современиот живот на Македонецот, користејќи ги проверените методи и техники – вели Караџоски. Преку проектот ќе се утврдат причините за болеста, заштитата и лекувањето, со особен акцент на местото и улогата на светците во народната медицина.