Документарниот словенечко – македонски филм “Повратна карта” во режија на Тадеј Чатер, премиерно беше прикажан во Кинодвор во Љубљана. На промоцијата на филмот, во кој се пренесени интересни приказни на нашинци кои живеат во Словенија и се раскажани добрите македонско – словенечки односи, присуствувале 200 гости, претставници на македонската амбасада и други амбасади во Словенија. Билјана Зероска – Становник, претседателот на Друштвото за словенечко – македонско пријателство, посочи дека голем придонес дал градоначалникот Марјан Ристески да се сними филмот лани. Сценариото заедно со режисерот го напишаа Билјана Зероска Становник. Работевме со душа и срце, оти голем дел е посветен на Прилеп и околината, за познатите прилепчани. Прикажана е македонската култура и соработката со Словенија низ многу генерации – вели Билјана. “Повратна карта” овој месец ќе се прикажува на РТВ Словенија, а следниот месец на МТВ. Планирана е промоција и на фестивали во Франција, Шпанија, Хрватска. По премиерата, се одржал коктел на кој се вкусиле македонски специјалитети подготвени од умешниот готвач Симон Ристески.