Елка и лампиони за Костадиноски

Се што виделе, понеле во мислите и купиле од многубројните патувања низ светот, како и од времениот престој во Австралија, брачната двојка Снежана и Цане Костадиноски го вткаија во новогодишната и божиќната приказна, претворајќи ја семејната куќа во бајка. Многубројни лампиони, украси и  светилки блескаа на фасадата. А елка и лампиони добија и од градоначалникот Марјан Ристески, затоа што нивната семејна куќа на улицата Маршал Тито, број 108 беше прогласена за најубаво украсена во изборот на Локалната самоуправа за најукрасена зграда, тераса, куќа или двор за празниците.

Loading