Електронско издавање на книги

Петар Петрески, директор на Библиотеката,, Борка Талески,,

Библиотеката “Борка Талески” годинава планира обемна програма за зачувување и презентација на богатото книжевно наследство. Директорот Петар Петрески посочува дека  ќе се зафатат со проектот “Семејни библиотеки” Прилеп е град со богата книжевно културна традиција. Видни прилепски семејства, пред Втората светска војна создале значаен фонд на раритетни книги. Продолжила традицијата за обезбедување книги кај дел од тие семејства и по војната. Дел од книгите ги немаме ниту во Библиотеката. Проектот е важен, оти ќе биде прво монографско дело за презентирање и документирање на  семејните библиотеки. Целта е зачувување, регистрирање и презентација на раскошното книжевно наследство. Ќе бидат опфатени библиотеките на повеќе семејства, меѓу кои на Алексоски, Кескинов, Бабиќ, Галески, Котески, кои генерации наназад се грижеле за книжниот фонд – вели Петрески. Библиотеката ќе ја издаде интересната книга “За градбите на господарот Јустинијан Први” од Прокопиј од Цесареа во превод од латински на Миле Богески, а ќе се отпечати и стручниот труд “Менаџментот во библиотеките” од д-р Наде Караџоска. Освен промоции на книги, средби со автори, организирање на поетското Маркукуле, Библиотеката ќе отвори одделение во Тополчани и ќе започне со  електронско издавање на книги. Досега 70 насто од книжниот фонд ни е обработен според КОБИС системот. Нужно е да стартуваме со електронско издавање – вели директорот, посочувајќи дека ќе се обезбедат и со електронски противпожарен систем за заштита на книгите од пожари, а планираат да го реновираат и роднокрајното одделение.

Loading