Демне летен чадор

Пожарникарите понекогаш низ светот сметнуваат заскитани мачиња и кучиња од гранките на дрвјата. Децата се радуваат, кога чичкото, пожарникар, ќе го спаси миленикот од височините. Во прилепски услови нема мачки, нема кучиња, нема избегани врапчиња од кафезот, туку на едно голо зимско дрво без лисја се обесил чадор за сонце. И тоа отворен на д тротоарот каја драгсторот Игор. Не се знае чиј е чадорот, кому ветерот му го дувнал и му го ставил на гранките да го “декорира” градот за новогодишните празници,. Не веруваме дека некој ќе ги викни пожарникарите да го сметнат од гранките да не направи некому белја со времето, да не падни и некому да му ја дупни главата. Веројатано ќе го сметнат украсувачите на улиците со високата корпа, кога ќе ги вадат новогодишните градски украси?

Loading