Ниту ладното време, ниту студената вода, не спречи 43 сограѓани да скокаат по светиот крст во водите на базенот “Сонце”. Сепак, најумешен беше Борче Митрески (22) кој го фати светиот крст, по повод вчерашниот празник Богојавление – Водици. Иако беше многу ладно, сепак скокнав, годинава третпат. Трета среќа и погодок. Го фатив крстот. Многу сум среќен. На сите граѓани им посакувам многу здравје, радост. Желба ми е да се вработам – рече Борче Митрески. Од општината Митрески доби бањарка, крст, икона, телевизор. Радува што се омасовува манифестацијата последните години – рече градоначалникот Марјан Ристески. Единствената девојка, која скокаше по крстот беше фудбалерката Елена Наумоска (17). Три пати досега скокам. Ќе скокам додека не го фатам крстот – истакна Наумоска. Најмлад скоскач мегу четириесетината скокачи беше 14 годишниот Виктор Трајаноски.
Учесници на манифестацијата
Борче Митрески(1989), Ангел Серафимов(1992), Златко Марковски (1986), Стефан Иваноски (1992), Горан Пашовски(1991), Даниел Кочовски (1992), Миле Јованоски (1987), Роберт Ушкоски (1981), Бобан Јосифоски (1996), Филип Стојаноски (1994), Даниел Димоски (1991), Александар Танасокоски (1990), Александар Јаковоски, Христијан Ристески (1993), Виктор Трајаноски (1997), Филип Милошески (1996), Дарко Јанкоски (1992), Бобан Цветкоски (1987), Александар Јанкуловски (1994), Мартин Милески (1992), Мартин Ристески (1994), Марко Трајкоски (1994), Бојан Трајкоски (1994), Валентин Кочоски (1994), Даниел Тошески (1994), Антонио Стомнароски (1993), Влатко Тошев (1987), Филип Митрески ( 1997), Николче Димитриоски (1994), Елена Наумоска (1994), Миле Ристески (1994), Бранко Котески (1989), Кире Вељаноски (1969), Борче Петкоски (1988), Митко Николоски (1983), Бобан Мирчески (1987), Дејан Станчески (1984), Бојан Нестороски (1990), Стојанче Стојаноски (1988), Андреј Димоски (1998), Филип Стрезоски (1988), Александар Стрезоски (1990), Борче Димитриоски (1991).