Жителите на на селото Штавица лесно ќе доаѓаат од град дома и уште полесно ќе заминуваат во Прилеп, откако се асфалтира кусиот пристап од околу два километри со поддршка на Владата. За Водици, и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, со градоначалникот Марјан Ристески, ја пресекоа лентата и симболично го ставија патот во употреба, кој ќе влијае за запирање на миграцијата и за враќање на иселени на родните огништа.