На 1 јануари во полицијата, Д.К. (26) пријавил дека околу четири часот додека седел во кафе бар со А.Р., Д.И. и Г.Т., настанала расправија со В.Н. стражар во затворот во Прилеп и со уште неколку непознати лица кои со пендраци физички ги нападнале. Д.К. со пријателите го напуштиле кафе барот и со возило марка Ауди А6 со прилепски регистерски ознаки, на затворен семафор застанале кај хотел Липа. Пред нив се паркирало возило марка Форд, темна боја и им го попречило патот. Од возилото излегол В.Н. со уште три лица и извадил пиштол. Д.К. го стартувал возилото со намера да избега, а В.Н. испукал два куршума со кои го оштетил возилото. Увид на извршила полицијата при што подигнала две барутни фолии и проектил од огнено оружје. Се превземаат мерки за расчистување на настанот.