Стефан знае само за петка

Меѓу најдобрите осмоодделенци во градов е Стефан Неделкоски од ОУ “Гоце Делчев”. Брилјира по сите предмети. Англискиот со граматиката му се “мачкина кашлица”. Не ги буба на памет, туку со разбирање ги совладува времињата и неправилните глаголи. По математика решава задачи кои уште не се изучени. За македонскиот не вреди да се трошат зборови. Наизглед е повлечен и скромен. Ретко довршуваше реченица, оти педагогот го прекинува да го испофали на сите полиња. Расплинат е на сите полиња: десен бек е во фудбал, одличен е пливач во краул, читател, филмофил. гејмер… Мистеријата и авантурата ги црпи од книгите за неговиот незаситен ум, а акцијата и трилерот од филмовите. Омилени му се филмови со воено-историска тематика како Перл Харбор, Спасувањето на војникот Рајан и трилогијата Матрикс. Го бендисува актерот Хју Лаури од Доктор Хаус, бидејќи ја следел кариерата на преобразба од приглупиот принц во “Црна Змија” до интелегентниот доктор. Вкусот за игрите не му отстапува од филмскиот. Го обожава серијалот Цалл оф дутѕ, во деловите посветени на Втората Светска Војна. Историјата и војничките подвизи му се влезени под кожа. Мултидисциплинираниот Стефан нема дилеми за понатамошното образование. Нишани кон гимназија, а после електро-технички факултет.

Loading