Фирмата Пела транс ангажирана за зимското одржување на општинските патишта и улици успешно се справи со снежната покривка во градот и селата каде наместа заради наносите од ветар снегот достигна над 2 метри. Се исчисти и патот за селото Радобил, каде имало бремена жена за породување. Им се излезе во пресрет на жителите од селата со камиони, дури е превезен покојник до село Бешиште во Мариово, а патот з селото Никодин се чистеше двапати за пет – шест жители. Снегот предизвика главоболки во мариовското село Гуѓаково, каде беа завеани и двајца овчари.