СЛАВИНИТЕ ДА НЕ СЕ ОСТАВААТ ОТВОРЕНИ

Заради зголемената потрошувачка, како и поради тоа што некои граѓани ги оставаа славините отворени во страв водоводните инсталации да не им замрзнат поради ниските температури, од Водовод и канализација повикуваат на рационално користење на водата. Апелираат да не се оставаат славините отворени, туку да ги изолираат водомерите и мрежата од замрзнување. По неколку часа во текот на денот, граѓаните кои живеат во повисоките населби беа без вода. ЈП спроведе рестрикции во, заради намалениот прилив од регионалниот водовод Суденчица. Опадна дарежливоста на изворот Студенчица на 580 литри, па во одредени денови градот добива само 90 литри во секунда. Активирани се 12 бунарски постројки за ублажување на недостигот. Во градската водоводна мрежа се внесуваат дополнително уште 120 литри во секунда. Редукциите од по неколку часа придонесоа за стабилизирање на водоснабдувањето.

Loading