“Пролетта за есента”

Учениците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, ги “стопија” срцата на вдомените луѓе од златното доба во домот за стари лица. Над сто ученици ги израдуваа постарите граѓани, потсетувајќи дека не се заборавени. Секоја изведба беше проследена со громогласен аплауз. Изведувачите силно порачаа дека имаат разбирање и почит кон оние кои пред многу години биле млади. Чинот беше симболичен, а задовлството кај бабите и дедовците не се сокриваше. Сигурно ќе им остане во спомен, оти им “подрипнуваа” срцата на постарите, кога ги гледаа младите како им пружаат тоа што најмногу им треба – добра мисла и внимание.

Loading