Прилепчанка останала без 1500 евра, лаптоп компјутери, златен накит на Божик, откако непознати крадци влегле насилно во куќата на улицата “Мирче Ацев”. Според МВР, крадците, отворајќи ја насилно вратата од терасата, влегле во куќата на Д.Н.Б. (24). Низ собите пронашле 1500 евра, 2 златни приврзоци, два лап-топ компјутери, телевизор, апарат за навигација, кои ги зеле и побегнале. Газдарицата ја забележала кражбата, откако се вратила дома и веднаш пријавила во полиција.