ПОРАКИ ОД БОЖИКНА ТРПЕЗА

Пораки за мир, љубов и среќно детстство упатија околу 400 деца на Божикниот ручек, организиран традиционално за големиот христијански празник од Детската амбасада за сите деца во светот. Гости беа децата без родители, децата на загинатите бранители, децата со посебни потреби, деца од исламската, католичка, еврејска вероисповед, од Евангелско методистичката црква. Целта беше децата да се дружат, да се разбуди радоста и љубовта во нивните животи, да се социјализираат и да зачекорат посреќни во година. Ручекот го благослови владиката Петар, а желби за радосно и среќно детство им упати и градоначалникот Марјан Ристески. Празничната атмосфера на ручекот беше збогатен со пригодна забавна програма во рамки на која настапија децата од Фестивалот Ѕвездички и хорот Ѕвончиња од Битола.

Loading