Пет нови

Корзо

Во средата со тренинзи стартуваше третолигашот Корзо со пет нови играчи. Дојдоа: Виктор Велкоски од Големо Коњари, Миле Кондоски и Христијан Тодоровски од Преспа, Иво Дамески од 11 Октомври, а за играч е регистриран и тренерот Горан Тодоровски. Клубот никој не го напушта, посилен е од есеноска и оправдани се амбициите на претседателот Панде Трајчески за прво место. Ни треба само малку градска поддршка, стадион за тренинзи и натпревари и нема кој да не запре кон Втора лига – порачуваат од клубот. На табелата Корзо бега бод пред пет конкуренти: Бабуна, Кожуф, Вардар, Партизан и Илинден. Лигата продолжува во март, а во првото коло Корзо е гостин на претпоследниот Борец во Велес.

Loading