Го “лизнал” куршум на коледарски оган

Од заскитан куршум на коледарски оган погоден бил млад прилепчанец. На улица “Ѓорѓи Димитров”, додека  О.М. (25) седел околу коледарскиот оган, бил погоден од заскитано зрно од пиштолска муниција во пределот на десната нога. Укажана му била лекарска помош, при што  е констатирана  лесна  телесна повреда. Полицијата презеде мерки за расчистување на случајот.

Loading