Еден ден има, друг ден нема стрелиште

Стрелаштво

Како легендата за кратовскиот мост, дење граден, ноќе паѓал, е импровизираното стрелиште. Клубовите Стрелец, Нишан и Мета, немајќи каде да тренираат по затворањето на просторот во Универзална, адаптираа мала сала во Центарот за социјални работи. Преку неделата местото го користат и каратисти. Да нема пречки после секој тренинг одмонтираме. Така, еден ден има, друг ден нема стрелиште – вели Славчо Трајкоски, еден од тренерите. Стрелците користат половина од салата, каде поставувуваат ленти да се разделат петте стрелечки места. На ѕидот се метите, а над нив неколку неонски светилки. За разлика од стандардните 10, поради недоволната должина на салата, метите се оддалечени помалку од девет метри. Премија е стрелиштето. Младите стрелци се задоволни што по некоку месеци пауза повторно тренираат – истакна Трајкоски.

Loading