Собир на 8 јануари

Ракомет: Кус одмор за Жито Прилеп

Екипата на Жито Прилеп од сабота конечно добива одмор. Паузата е куса, само за празниците. Нема време за губење. Нужна е повеќе работа, според планот на тренерот. По Божик се собираме. На 8 јануари сите првотимки в сала – вели Менде Петлески, тренерот. Жито Прилеп имаше проблем со малкуте првенствени мечеви. Одигра само шест (две победи и четири пораза) во Регионалната лига. Потребни се пријателски натпревари. Планирани се тестови со вториот тим на Металург Скопје и Гевгелија. Првиот тест го добивме 33-26 во Скопје. Неопходна е барем уште една пријателска – смета Петлески. Составот е ослабен по заминувањето на Ана Стојановиќ, Андреа Кликовац и Ивана Петковска. На 19 јануари 2012 е натпреварот дома со Будуќност.

Loading