Радост за сите деца

Децата не се делат по класи. Секое е вредно и единствено – личност со чувства. Сите доживуваат радост, тага, љубов… Позитивните чувства на децата со посебни потреби ги поттикнаа повеќе здруженија, фирми и вообичаено локалните власти. Локалната самоуправа, Прилепската пиварница, Комерцијалната банка, слаткарниците Дизниленд и Алфа со Црвениот крст ги израдуваа со пакетчиња децата во Дневниот центар. Дури и “грубите”, членови од мото клубот Guardian angels, го тргнале намуртениот изглед од лицето и го замениле со насмевка, а нивните срца, “полни со бензин”, ги отвориле и на децата им подариле радости. Хуманоста доаѓа од сите страни, а штитениците возвратиле со песни и игра, заедно со учениците од музичкото училиште. Се трудиме да ги социјализираме децата. Тоа најдобро се прави за празниците. Научени се дека се ближат и го украсуваат Домот. Изработуваат честитки и подготвуваат приредби за хуманите луѓе, кои ги затоплуваат детските срца, ги поттикнуваат да чукаат побрзо, кога некој ќе дојди во посета – изјави директорката на Центарот за социјални работи Снежана Јованоска. Дневниот центар за децата со посебни потреби доби бесплатен интернет и кабелска телевизија од Кабелнет.

Loading