Пред 30. 000 гледачи во Болтон
Минатиот 22 мај, 2011 г. е пресвртница во животот на дипломираниот спортски менаџер Александар Ѓорѓиески. Тој ден ја побара за жена сограѓанката Македонка Димитриоска на необично место – стадионот во Болтон, Англија, на премиерлигашки меч. Играа Болтон – Манчестер сити 0-2, пред 30 илјади гледачи. Болтон го одбрав како омилен клуб, со кого соработувам четири години. Беше прекрасно, сé се одвиваше во ложата – вели Ѓорѓиески. Тој долго и тајно го подготвувал изненадувањето. Добил зелено светло од сите институции. Силна била поддршката од управата на Болтон, амбасадите, швајцарската агенција… Настанот влегува во рамките на службата. Со спортски термин кажано, го реализирав најголемиот трансфер – во шега вели менаџерот. Ѓорѓиески е поранешен одбојкар на 11 Октомври. По завршувањето на студиите во Белград, беше во ФК Работнички Кометал, а оттогаш живее и работи во Скопје.