Преговори со полушпиц и напаѓач

11 Октомври

Бројните навивачи се нестрпливи околу засилувањата во прволигашот 11 Октомври, но досега ништо официјално. Извесно е пополнување на секоја од линиите во тимот. Течат шпекулациите за Немања Брадоњиќ, Сашо Ѓорески, Дарко Штерјов, Дејан Цветаноски… Преговараме со лев полушпиц и напаѓач. Јавноста ќе биде запознаена по разврската – велат од клубот. Одамна е навестена трансфер листата, со фудбалери со кои ќе следи разделбата. Додека таа се готви, единствен чие име се споменува е голманот Пеце Коруновски. Тој прв побарал исписница. Барањето го разгледуваме и набргу ќе излеземе со свој став – најавуваат од 11 Октомври. Одморот за екипата на Трајче Илиоски тече од 15 декември, а следниот собир е по Нова година и Божик, на 15 или 16 јануари 2012.

Води Златна рака

Во 3. коло од Бизнис лигата во мал фудбал Златна рака Проспект го растури со 6-1 Сидро, а слично на останати мечеви: Основен суд – Горан паркетар Електроелемент 0-5, Лукас Елит – Економски факултет 6-1. Одложени се: Агроинвест – Спорт лајф и Прилеп – Кабелнет. Води З. Р. Проспект со девет бода, пред С. Лајф и Горан П. Е. по шест. Топ стрелец со шест гола е Оливер Јошевски (Горан П. Е.), а по четири се Гоце Макалоски (С. Лајф), Роберт Ѓорчески (Лукас Е.) и Рубин Кочоски (З. Р. Проспект)

Loading