Несторовски гледа кон Русија

Печалбари

Фудбалерот Илија Несторовски (21), е во трилема каде да ја продолжи кариерата. За него порасна интересот, откако се покажа како вистинско засилување во чешкиот прволигаш, Викторија Жижков, а во сеќавање ќе остане победоносниот гол против Дукла од Прага. Одлични партии прикажа во младата репрезентација на Македонија, а негово дело беше израмнувачкиот гол со Данска. Прва опција е Викторија, втора е враќање во Словачко, од каде е отстапен, а трета заминување во друга држава. Подеднакви шанси да останам или заминам од Чешка. Слушам се интересираат од Русија и други земји… На менаџерот е одлуката – вели Несторовски, некогашен играч на Победа. Во странство има доста спортски печалбари: тренерот Гоце Седлоски во Австрија, каде е фудбалерот Илчо Наумоски, Дарко Тофилоски во Словачка, Зоран Даноски во Чешка, ракометарот Горан Кузманоски во Романија, Даниел Дупјачанец во Косово, сестрите Андријана и Матилда Атанасоски во Германија, Филип Ангеловски во Грција.

Loading