Најсилен аплауз

Настани за паметење

Нема многу спортски настани кои се одржаа во градов, а ќе се паметат долго. Фудбалот тргна па застана, 11 Октомври тешко влезе во Прва лига и бргу се спушта надолу. Победа јуниор експресно стаса до Втора, но далеку е од бараж за елитата, а секоја чест за Корзо, низ јуначки од само на гостински терени до прво место во Трета. Од овој спорт барем се изнагледавме репрезентации. Ракометот машки згасна, женскиот го крепи Жито Прилеп. Добро е што воопшто го имаме задоволството од натпревари во салата “Сонце”, а грешка се чини е напуштањето на домашната Супер лига и преминот само на Регионална. Таму цела есен одвај се одиграа шесте меча, закажани без ред и нормално публиката не може да ја очекуваме во голем број. Штета за пропуштеното во европскиот КПК. Од останатите спортови одбојката чекаме да се обнови и машката и женската. Убаво што се одржува велосипедизмот, тешко е со пинг – понгот. Борењето, каратето, џудото, боксот и кик – боксот зборуваат дека имаме дарба за тие вештини, а се чини во шахот, стрелаштвото можеме повеќе. Годината најдобро се памети по спектаклите и аплаузите. Еден силен, можеби најсилен доби параглајдеристот Миле Јованоски, кога на мечот Македонија – Албанија (0-0) слета милиметарски на центар. Аплаудираа судиите и фудбалерите, целиот стадион.

Loading