Чувствата ми навираат длабоко од душата

Ивона Дамеска, поетеса

“Кога зимата ќе ја крене постелата со снежна покривка, блескавото сонце со нежниот допир ќе ги избрише кристалните солзи од прозорецот. Вредни како пчели, сјајните сончеви зраци ги прават последните подготовки за достоен пречек на нивната слатка сестричка”. Ова е дел од расказот “Пролетна убавица” на младата авторка Ивона Дамеска, објавен во списанието “Стремеж”. Зборовите кај Ивона започнале да се нижат пред една година, а инспирацијата и доаѓала сама од себе. Чувствата ми навираат длабоко од душата. Сакам да пишувам за моите блиски – роднини, пријатели – вели Дамеска. Освен проза пишува и поезија. Стиховите и се длабоко лирски. Ангелите ме инспирираат. Поголем дел од стиховите се посветени на Тоше – раскажува Ивона. Вели дека е среќна што нејзиното творештво се најде на страниците на “Стремеж”, а дел најпрвин беа објавени во Зенит. Годинава учествувала и на Поетското Маркукуле, а желба í е стиховите да бидат отпечатени во книга.

Loading