Снег нека вее – ново парно грее

Во ОУ “Добре Јованоски”, зимава нема да биде студена. У чениците ќе имаат “тропска клима” и во ходниците и во училниците. И досега тоа не беше некој голем проблем, ама старата котларница, го “отпеала” своето, па системот за греење повремено откажувал. Со помош на локалната самоуправа купени се два нови котли заедно со нови цевки и бренери. Котларницата сега изгледа како аптека со “џиш” црвените котли. Реконструкцијата траеше четири дена. Водевме сметка да не се прекинува наставата – објасни директорката Љубица Лашкоска. Нема да прават “рокади” со радијаторите од ходник во училница и обратно, затоа што имаат и нови радијатори. Правиме сé за подобри услови на учениците, затоа што тие ни се на прво место – заврши Лашкоска.

Loading