Потсетување на небрежанецот

Годинава ОУ “Блаже Конески” славеше 90 години од раѓањето на творецот на модерната македонската граматика и 25 години од отворањето на училиштето кое го носи неговото име. Патрониот празник бил планиран до минута, сé  било конец, и до посетата на селото Небрегово, родното место на Блаже Конески, се до разгледувањето на експонатите на музејот во спомен куќата на наследникот на Климент Охридски. Учениците од повеќе училишта извеле драмски настап и читале рецитали за спомен на деецот. За празникот, еко-патролата, заслужна за добивањето на престижното Зелено знаме, свечено го подигнала на јарболот пред училиштето, а пладнето било резервирано за академијата посветена на патронот. Учениците извеле и богата  програма со рецитали и биографски читања за граматичкиот крстоносец.

Loading