Нема “рубикова коцка” за Меланија

Да беше војник, сигурно дека Меланија Мицеска ќе дешифрираше пораки со брилијантното познавање на математиката. Седмоодделенката во ОУ “Климент Охридски” ги “растура” соучениците на натпреварите по  математика. Небаре “фурија, ги освојувала сите бодови со “откривање” на решенијата на задачите од алгебра и од геометрија. За неа нема нерешлив математички проблем. Скромното девојче уште на десет години освоило прво место на регионален натпревар. После се вивнала и во државна конкуренција. Го делела првото место со четири ученици. Наградата í обезбедила “виза” за Олимпијадата по математика во Скопје. Во шесто се качила на прво место на општинскиот натпревар по информатика, математика, македонски и англиски јазик. Ја соборила “генерацијата” во сите дисциплини и била прогласена за најдобар ученик во градов. Наградите не изостанале. Добила SWATCH часовник, петтдневен одмор во Охрид и козметичка колекција. На Меланија í оди англискиот, што го научила, поради љубовта да ја следи без превод омилената серија Озборувачка. Нетипично за возраста, “опседната” е со крими и трилер филмови. Го издвојува Unknown со Лијам Нисон. Се дружи со соучениците. Излегуваат заедно навечер да ја “измерат” чаршијата. На сите наставници им е миленичка, бидеќи е мирна, примерна, скромна и вредна. Има нешто што не ñ лежи, ама по сé има петки, оти учи. Физичко í е “трн во око”. Не ñ оди, ама настојува да даде сé  од себе. Сестраната Меланија го претставува училиштето и со својот глас, пеејќи на смотрите и патрониот празник. Омилени пејачки и се Бијонсе и контроверзната Лејди Гага. Анџелина Џоли ја плени со нејзиниот изглед, а и со ставот, разумот и хуманитарните карактеристики. Пред седмоодделенката претстои дилемата, дали да оди во Гимназија или во медицинско. Како и да е, знае дека ќе биде професорка по математика. “Боза” í се задачите во наставата. Со наставничката Моника Богданоска го остри умот со потешки математички проблеми. Менторот по математика í е идол, оти го препознала талентот.

Loading